СДСМ

СДСМ: 5,77 милиони евра за поддршка на над 2.200 угостителски објекти, продолжува грижата за сите граѓани

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат со вистинска грижа за сите граѓани, со директна поддршка за македонската економија, за спас на работните места.

За 2.204 угостителски објекти со 11.235 вработени, кои беа затворени со владината одлука за спречување на ширење на Ковид, обезбедени се 5,77 милиони евра.

Сите економски антикризни мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ за време на пандемијата придонесоа за надминување на последиците и денес имаме економија која е стабилна, жива и динамична.

Силна потврда за тоа се бројните статистички параметри.

Степенот на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто.

Паралелно, бележиме раст на извозот и раст на индустриското производство.

Континуиран раст бележат и платите. Просечната плата за месец март изнесува 28.217 денари, што е за 6,8 отсто повисока од истиот месец лани.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои овозможуваат забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните

Прочитајте повеќе

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на …