СДСМ: Арсовска и Мицкоски да се договорат за медот за на Скопје конечно да му тргне

СДСМ: Арсовска и Мицкоски да се договорат за медот за на Скопје конечно да му тргне

Соопштение за јавност на СДСМ

Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје.

Се надеваме дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје.

Арсовска, Мицкоски и Перински треба да излезат заедно на прес-конференција и да кажат што планираат да прават во однос на проблемите со ѓубрето, автобусите и целиот хаос во кој тоне градот, наместо да пуштаат празни соопштенија и да ги фрустрираат скопјани.

СДСМ со години предупредува дека пропаднатите зделки и бизнис интереси се единствената причина зошто и Мицкоски и Арсовска се скараа.

Тие сега имаа можност конечно да ги надминат недоразбирањата и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори да барем малку ја поправат состојбата.

Но, очигледно според она што го објави Владата, не успеале ни сега да се договорат за своите интереси па скопјани повторно ќе бидат жртви.

Прочитајте повеќе

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија предизвика лавина реакции во Скопје и во Софија. …