СДСМ

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Соопштение за јавност на СДСМ

СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија.

Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство.

Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира?

Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?

СДСМ е на страната на граѓаните и нема да дозволи разнебитување на културното наследство.

СДСМ бара:
– Оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата.
– Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство
– Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници.

Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава.

Прочитајте повеќе

Филипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта

Филипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта

Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче остро реагираше и ја осуди …