Панче тошковски

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Соопштение за јавност на СДСМ

Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски.

СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.

Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.

Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште.

Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо?

СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.

Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури.

Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка?

Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има.

Прочитајте повеќе

Протести во Белград, граѓаните и студентите не дозволуваат рушење на зградата на Генералштабот

Протести во Белград, граѓаните и студентите не дозволуваат рушење на зградата на Генералштабот

Денес, студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот одржуваат протест пред зградата …