СДСМ

СДСМ Битола: Бесплатна правна помош за членовите, за заштита од партизацијата на ВМРО-ДПМНЕ

Водени од нашите социјалдемократски принципи за еднаквост и солидарност, воведуваме бесплатна правна помош за сите наши членови кои се жртви на грубата партизација што ја спроведува ВМРО – ДПМНЕ во државните институции и во јавните претпријатија во Битола.

Наши членови незаконски се разрешуваат, распределуваат, деградираат… Нема место за професионалците во партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, СДСМ Битола ќе биде на распoлагање на сите што имаат потреба од правна помош за заштитата на своите права од работен однос.
Почнувајќи од денес, секоја среда, од 18 до 19 часот, во седиштето на партијата, сите може да дојдат и да добијат бесплатна правна помош.

Вратите на СДСМ се отворени!

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мицкоски, како не ти е срам?

СДСМ: Мицкоски, како не ти е срам?

Соопштение за јавност на СДСМ Како не ти е срам, Мицкоски? Системската реакција на Македонија …