СДСМ Битола: Општинскиот буџет за Програмата за животна средина намален за 1.5 милиони денари

СДСМ Битола: Општинскиот буџет за Програмата за животна средина намален за 1.5 милиони денари

Од Општинската организација на СДСМ – Битола, реагираат на намалувањето на средствата во општинскиот буџет, предвидени со Програмата за животна средина.

„Наместо да се цели кон тоа да се подобри животната средина и со тоа да се подигне квалитетот на живот на нашите сограѓани, програмата за животна средина за Општина Битола не само што не се зголемува, туку и се намалува. Со ребалансот на општинскиот буџет, под диригенска палка на владеачките ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку, вкупниот буџет за оваа програма е намален за 1.5 милиони денари, споредено со буџетот во предлог-програмата од декември 2021 година. Тоа се 1.5 милиони денари помалку за здравјето на битолчани – здравјето на секој еден од нас кој живее и работи во Битола, здравјето на нашите деца. По сѐ изгледа дека претседателката на Советот, која беше најгласна за важноста и заштитата на животната средина, дозволува да се намали оваа и тоа како значајна програма“, велат од опозицискиот СДСМ.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …