СДСМ Битола: Зарем Павловска заборави дека како поранешна директорка на „Коле Канински“, училиштето го остави со долг од 457.206 евра?

Реакција на ОО на СДСМ Битола на изјавата на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Павловска

Само луѓе без срам и посветени партиски војници, а поранешни директори од ДПМНЕ може да даваат изјави во врска со образованието во Битола и работењето на директорите поставени од СДСМ.

Клеветите, навредите, лагите и манипулациите што ги шират не само што ги отфрламе, туку засегнатите во изјавите ќе поведат и судски постапки за да го зачуваат чистиот образ кој ДПМНЕ најмалку има право да се обиде да го извалка.

Работењето на директорите што СДСМ ги имаше поставено во училиштата, особено не може да го валка Лидија Павловска, поранешна директорка на ОУ „Коле Канински” и актуелна советника од ДПМНЕ. На 31 декември 2017 година „Коле Канински” должеше 11.956.579 денари кон добавувачи и 16.161.619 денари кон Општината врз основа на цесии, или вкупно 28.118.198 денари.

Повторуваме, на крајот на 2017 година, кога СДСМ ја презеде власта во Општина Битола, училиштето „Коле Канински” должеше точно 457.206 евра. Заслугата за овој долг секако ја има Лидија Павловска.

Лидија Павловска не може да “соли памет” за работењето на директорите од СДСМ. Заборави Павловска дека самата молеше да си даде оставка откако беше утврдено дека една година работела со Училишен одбор на кој му изминал мандатот?

Очигледно Лидија Павловска заборавила каква катастрофа остави во „Коле Канински”, а веројатно има заборавено и на вработувањето на нејзината ќерка во ОУ „Тодор Ангелевски” додека СДСМ и коалицијата сеуште раководеа со училиштата во Општина Битола. СДСМ веруваше и верува дека секој има право на работа, па и ќерката на Павловска, но очигледно сме погрешиле кога сме верувале и дека секој заслужува шанса.

За да не ја повторуваат истата “песна” сите функционери и симпатизери на ДПМНЕ, СДСМ по којзнае кој пат потсетува дека директорите на училиштата не беа променети во 2017 година само заради тоа што беа од ДПМНЕ. Напротив, беа променети бидејќи сите, без исклучок, работеле недомаќински и неодговорно, оставајќи ги училиштата со блокирани сметки и нефункционални. Општина Битола и Владата издвоија над 4,5 милиони евра за враќање на долговите што ги натрупаа. Впрочем, судските процеси „Транспортер 1 и 2“ се само еден од доказите за работењето на ДПМНЕ во битолското образование.

Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт во Битола, ситуацијата е сосема обратна. Директорите кои ги подмириле долговите на своите претходници, ги реновирале училиштата, салите, спортските терени… се под невиден притисок од градоначалникот Тони Коњановски и неговите пајташи да заминат од функциите, иако имаат мандат за работа. Некаде притисокот е да се вработи некој партиски војник иако нема услови за тоа, некаде се притиска да се преземи вработен од друго училиште иако нема потреба од тоа, некаде се небулозни ревизии испратени од Општината, но целта е секаде иста – кадрите што останале од времето на СДСМ да се променат со нови од редовите на ДПМНЕ.

Порано или подоцна, Коњановски и ДПМНЕ ќе ги заменат сите директори, во сите училишта низ Битола. Без разлика на средствата што за таа цел се користат. Убедени сме дека од тој момент ќе започне тонењето на училиштата исто, ако не и пострашно, како во времето на Талески.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …