СДСМ

СДСМ: Членови на ВМРО-ДПМНЕ осомничени дека учествувале во нелегално финансирање партија, истрагата треба да ги даде сите одговори

Соопштение за јавност на СДСМ

Отворена предистражна постапка од страна на Управата за финансиска полиција води кон членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се сомничат за нелегално финансирање политичка партија.

Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и таткото на пратеникот Јован Јаулески препродавале ниви во реонот на општина Делчево.

Во јавноста со право се поставува прашањето дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?

Не е првпат партијата предводена од Христијан Мицкоски да се финансира на нелегален начин.

Истрагата на Управата за финансиска полиција и другите надлежни инситуции треба да ги даде сите одговри.

Денес никој не е над законите, за секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …