СДСМ: Дали и Муцунски, Тошковски и Мисајловски имаат проблем со колената исто како и Мицкоски?

СДСМ: Дали и Муцунски, Тошковски и Мисајловски имаат проблем со колената исто како и Мицкоски?

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски ги призна луксузните патувања, скапите карти од 20.000 евра и бизнис класите платени со пари на граѓаните.

Но, во исто време Мицкоски лаже и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Особено кога без око да му трепне вели дека причина за тоа биле проблеми со колената.

Дали Муцунски,  Тошковски и Мисајловски исто така имаат проблем со колената, па затоа мора и тие да патуваат со бизнис класа?

Зошто молчеше и се криеше со денови откако СДСМ го откри јавно скандалот со луксузните патувања?

Ќе ги објави ли сега Владата сите трошоци кои ги платија граѓаните за луксузните прошетки на Мицкоски и неговите министри?

Наместо да води грижа за секој денар, за тоа како да се трошат парите, Мицкоски дрско, дури и безобразно мува не го лази за начинот на којшто се расфрла и се луксузира на државен трошок.

Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.

Прочитајте повеќе

Осми ден блокада пред РТС

Осми ден блокада пред РТС

Блокадата на зградите на Радио-телевизија на Србија (РТС) од синоќа (21 април) влезе во осмиот …