Соопштение на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија:

Сите прогресивни политички субјекти и мнозинството граѓани се определени за загарантиран македонски идентитет и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат без став за најважното прашање во историјата на независна Македонија.

Немањето став за најважното прашање за најзначајните стратешки и национални интереси, докажува дека ВМРО-ДПМНЕ се несриозна и неодговорна партија која што мисли само на сопствените, а никако на интересите на граѓаните и државата.

Дали тоа што не успеаја да добијат амнестија за нивното претходно раководство е причината што Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат или не сакаат да го соопштат ставот за референдумот на 30 септември?

Македонија чекори кон целосно расчистување со корупција и владеење на правото, што се едни и од критериумите за целосна интеграција во ЕУ и НАТО.

Придобивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

На 30-ти септември, граѓаните ќе изберат интеграција наместо изолација, иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет.