СДСМ: Денеска е денот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да реши дали ќе застане зад криминалот или зад Законот за јавно обвинителство?

СДСМ: Денеска е денот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да реши дали ќе застане зад криминалот или зад Законот за јавно обвинителство?

Соопштение за јавност на СДСМ:

Предлог Законот за јавно обвинителство од денеска е во собраниска процедура и закажана е јавна дебата во Комисијата за политички систем.

Ова е последен повик до деструктивната партија ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави со Законот за Јавно обвинителство.

На Христијан Мицкоски му е јасно дека предложеното законско решение ја засилува борбата против криминалот и корупцијата и ја гарантира евроатлантската интеграција на државата. Но, тоа не му одговара затоа што опструирањето на законот од нивна страна е токму заради криминалот во нивните редови и заради политиката на изолација на која ја практикуваат.

Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства, само ВМРО ДПМНЕ се противи.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот

ВМРО-ДПМНЕ заедно со обвинети и осомничени партиски фунционери, како и пратеници, прават се да ја загрозат правната држава и владеењето на правото. Само ним не им одговара да продолжат предметите на СЈО и тоа е главната причина поради која се противат на законот.

Иако знаат дека на 12-ти април граѓаните ќе им нанесат уште еден пораз, сепак ВМРО-ДПМНЕ нека престане да биде најголемиот кочничар во државата и нека демонстрира демократски и државнички капацитет и нека гласа за законот за ЈО, а со тоа да и помогне на државата во градењето правна држава и европска иднина.

Прочитајте повеќе

Филипче

Д-р Венко Филипче: Граѓаните во мене како пратеник ќе имаат партнер и другар, а мојата врата ќе биде отворена

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе …