Затвор Шутка

СДСМ: Десет затвореници избегале од затворот во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени

Соопштение за јавност на СДСМ

Дури десет затвореници избегале од затворот во Шутка. Власта се обиде да ја сокрие информацијата од јавноста, но не успеа во намерата.

Неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски се евидентни на секој чекор.

Каде е сега Пандов да одржи прес конференција и да каже како се случи да му побегнат 10 затвореници и да понесе одговорност за пропустите?

Ова е уште една потврда дека Христијан Мицкоски намести несоодветни, непрофесионални кадри на директорските места само по партиски клуч.

Најмалку што треба да направи Мицкоски е да ги разреши неспособните директори, Александар Пандов и Бобан Утковски.

Прочитајте повеќе

ПЕТ центарот ќе работи и за викенди и за празници за да се намалат листите на чекање

ПЕТ центарот ќе работи и за викенди и за празници за да се намалат листите на чекање

Почнувајќи од овој продолжен викенд, а потоа и во наредните викенди и за празници, ПЕТ …