Ковачки

СДСМ: Дезертерот Ковачки го продаде армискиот за партиски чин, дезертер и шпион против државата?

Поранешниот полковник во Армијата, Драган Ковачки дезертираше а армискиот чин, го продаде за партиски, за да му слугува на Христијан Мицкоски како пратеник.

Ковачки, послушникот на Мицкоски од петни жили се труди преку лаги и конструкции да направи дефокус од тоа што Мицкоски е вмешан во сомнителен тендер од 136 милиони евра.

„Долга е раката на ВМРО“, така Ковачки се заканувал на претпоставени во Армијата, а при тоа навредувал и клеветел, за што бил и санкциониран.

Дали и кога служеше во Ирак Ковачки вака се однесувал? Колку ја продолжил раката на ВМРО?

Ковачки да излезе пред јавноста и да одговори, дали освен закани, навреди и клевети кон претпоставените, оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата?

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е во истата режимска матрица, опкружен со дезертери, луѓе кои се закануваат и шират невистини.

Прочитајте повеќе

Филипче: Зад враќањето на Груби стои директно Мицкоски, Европското обвинителството на Ковеши за вистинска борба против корупцијата

Филипче: Зад враќањето на Груби стои директно Мицкоски, Европското обвинителството на Ковеши за вистинска борба против корупцијата

Христијан Мицкоски стои лично зад враќањето на Артан Груби, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче …