Реакција на СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски:

Ништо ново од Христијан Мицкоски, в.д. портпаролот на Никола Груевски, продолжува да дејствува против интересите на државата и граѓаните.

Договорот од Преспа, извесното члеснтво во НАТО, добрите односи со сите соседи се македонската реалност која Мицкоски се заканува дека ќе ја менувал.

Таа реалност обезбеди отворен пат кон членство во НАТО и сериозен напредок во интегративните процеси во ЕУ, обезбеди економска стабилност и повеќе пари кај граѓаните.

Мицкоски повторно зборува за враќање назад во времето на изолација, сиромаштија, долгови, кавги со соседите, кога државата беше далеку од ЕУ и НАТО.

Отвореното противење на Мицкоски за Законот за Јавно обвинтелство покажува дека неговата единствена политичка агенда е уништување на предметите на СЈО и спас на криминалците од редовите на неговата партија, предводени од неговиот ментор, бегалецот од правдата Никола Груевски.

Таквото однесување на Мицкоски е неодговорно, несериозно и против интересите на државата и граѓаните. Затоа, на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе порачаат режим никогаш повеќе!