СДСМ: ДПМНЕ ги излажа граѓаните со „кошничките“, сега глумат поддршка за најавениот граѓански бојкот

СДСМ: ДПМНЕ ги излажа граѓаните со „кошничките“, сега глумат поддршка за најавениот граѓански бојкот

Соопштение за јавност на СДСМ

Македонија е сведок на уште едно класично понижување на граѓаните! Со месеци цените растеа до небо, граѓаните едвај преживуваа од плата до плата, а власта на ВМРО-ДПМНЕ немо стоеше и гледаше како трговските ланци ги цицаат парите на луѓето. Сега кога граѓаните сами се кренаа, тие глумат дека се на негова страна!

Колку пати кажавме? Колку пати алармиравме? Опозицијата со месеци ги повикуваше властите да преземат мерки, да ги сопрат маркетите во нивната бескрупулозна алчност, да донесат конкретни решенија што ќе го олеснат животот на граѓаните. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ молчеше и ги лажеше со шарени ПР кампањи, а сега, кога граѓаните се бесни и решија самите да се борат, тие сакаат да се вклучат во борбата како некакви спасители?! Ова не поминува.

Овој бојкот не е само бојкот против маркетите! Ова е бунт против нечесната власт која со својата неспособност и алчност дозволи народот да биде ограбен! Колку и да се обидуваат да се преправаат, луѓето знаат која е вистината – ВМРО-ДПМНЕ стоеше со скрстени раце додека цените одеа во облаци, додека луѓето броеја денови до следната плата, додека пензионерите не знаеја како да ги платат сметките.

СДСМ ја поздравува храброста на граѓаните да се самоорганизираат и ги преземат работите во свои раце. СДСМ уште еднаш ја повикува власта да ги прифати мерките кои со сигурност ќе го решат проблемот: да се укине ДДВ на храна, да се покачи минималната плата и да се покачат платите во другите сектори.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат

СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат

Прес конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, Уште не е помината првата …