Сдсм знаме

СДСМ е против отворање на Албанска академија на науките и уметностите

Соопштение за јавност на СДСМ

МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo.

Но, она што треба јавноста да го знае е што Мицкоски ветил пред формирањето на Владата во однос на ова барање на ВЛЕН? Ова не е прв пат ВЛЕН и нејзините лидери да ја споменуваат Албанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа.

Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани Мицкоски ги има одмолчено или ги има тајно прифатено?

Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се првеле глуви на овие барања на ВЛЕН, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање.

Прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколку Академијата не помине.

Прочитајте повеќе

Филипче до Мицкоски и Славески: Се среќававте ли со Мацура и што договаравте за Алта банка?

Филипче до Мицкоски и Славески: Се среќававте ли со Мацура и што договаравте за Алта банка?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот …