СДСМ

СДСМ: Економските мерки и политики носат рекордно најниска невработеност, раст на извозот и индустриското производство

Соопштение за јавност на СДСМ

Навремените и ефикасни економски мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат позитивни резултати.

Тоа е потврдено со статистички податоци од надлежните институции.

Сите економски мерки што ги преземавме за време на коронакризата придонесоа последиците да бидат надминати и денес да имаме економија која е стабилна, жива и динамична.

На крајот на првиот квартал од 2021 година стапката на невработеност е на најниско историско ниво од 16 отсто.

Во исто време, втор квартал по ред се зголемува степенот на вработеност. Сега имаме степен на вработеност од 47,1 отсто за разлика од крајот на 2020 година кога изнесуваше 46,8 отсто.

Ова покажува дека во текот на првиот квартал од 2021 година кај нас се отворија околу 3.500 нови работни места во време кога светската економија сè уште беше под удар од пандемијата.

Бележиме постојан раст на платите и во услови на пандемија. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8% повисока споредено со истиот месец во 2020 година.

Раст бележи и индустриското производство, кое во април 2021 година порасна за 46,1%. Растот продолжува со нагорен тренд и наскоро очекуваме да го надминеме нивото од 2019 година.

Расте и извозот. Во периодот јануари-април 2021 година тој е зголемен за 40,7% во споредба со истиот период лани.

Следува период на забрзан економски раст кој ќе го поттикнеме преку Интервентниот пан за инвестиции во вредност од околу 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

Со овој план ќе се реализираат клучни проекти кои ќе придонесат кон градење на брзо растечка економија.

Како одговорна партија, целосно сме посветени на креирање и реализација на мерки и политики кои овозможуваат стабилност, одржливост на македонската економија и повисоки стапки на економски раст.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …