• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      СДСМ: ЕУ го препозна напредокот, само Мицкоски не се израдува на успехот на Македонија

      27/6/2018
      Македонија
      СДСМ: ЕУ го препозна напредокот, само Мицкоски не се израдува на успехот на Македонија

      Реакција на СДСМ на прес конференцијата на Христијан Мицкоски:

      Европската унија го препозна, го поздрави и го награди напредокот во изминатата година.

      Во заклучокот од Советот на ЕУ јасно е наведено дека „Советот се согласува позитивно да одговори на наведениот напредок“ на Македонија и го поставува патот кон “отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година“.

      Јасно е се. Одлуката е донесена: Вратите за Македонија за членство во ЕУ се отворени, земјава започнува преговори за полноправно членство во 2019 година!

      Македонија сега е препознаена како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи и општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои имаат јасно изразена визија за европска иднина.

      Неспоредливо со заклучоците во времето на ВМРО-ДПМНЕ кои говореа за “заробена држава“.

      За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ заедно успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината.

      Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат доблест да го поздрават напредокот и успехот на Македонија којшто е постигнат заеднички со граѓаните.

      Тоа е нивен избор. Но, треба да се присетат на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“.

      Правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.

      На Мицкоски и на сите оние коишто потрошија 11 години од животите на граѓаните и деценија ја држеа Македонија во место, за лично, криминално богатење, треба да им е јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема да има.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Мицкоски: Македонија не доби датум за преговори, туку датум за проценка
      Следно
      Мицкоски: Македонија не доби датум за преговори, туку датум за проценка
      Фејсбук статус на денот
      Претходно
      Фејсбук статус на денот

      Слично

      • 21/2/2019

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле Кантоне
        21/2/2019

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се зголемува со нова механизација
        21/2/2019

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА