Соопштение за јавност на СДСМ
Марта Кос, еврокомесарката за проширување, предупреди за „токсичните влијанија на Русија и други“ и упати јасна порака во името на ЕУ.
Нема место за тројански коњи, како што Македонија има со ВМРО-ДПМНЕ, со нивните проруски вицепремиери, сестринската партија СНС и кинеските пари.
Се потврдува тоа што го говори СДСМ цело време.
На граѓаните на Македонија, од кои повеќе од 70% се за ЕУ, сега им е јасно по сите овие докази дека Македонија поради Мицкоски и ДПМНЕ, поради нивниот криминал и корупција, не оди кон ЕУ туку кон изолација.
ЕУ и известувачот за нашата земја во Европскиот парламент, Томас Вајц се јасни: Реформи во правосудството, малцинствата во Уставот, слобода на говор, слобода на медиумите.
Но, Мицкоски не сака во ЕУ. Затоа намерно измислува конфликти со соседите, со Бугари и Гриција.
Сè кај Мицкоски е лага. Дури и неговата измислена приказна за „влез во ЕУ без право на глас“.
Толку деманти од ЕУ нема добиено ниту една држава досега.
Како што лажеше дека ќе го врати името, така лаже и сега.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место