УКИМ

СДСМ: Ги зголемуваме стипендиите, продолжуваме со вистинска грижа за младинскиот стандар

Соопштение за јавност на СДСМ

Стипендиите на учениците и студентите сериозно се зголемуваат и се воведуваат нови како резултат на исполнување на долгогодишните заложби за унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард.

Во таа насока, во делот на ученички стипендии за средношколците, од новата учебна година ќе се доделуваат 14 различни категории на стипендии и сите ќе бидат во износ од 3.500 денари. Тоа е двојно зголемување споредено со периодот од пред само две до три години.

Стипендиите за студентите ќе се доделуваат во 11 категории, каде најбројни се стипендиите за социјална поддршка на студенти и за студенти со висок просечен успех.

Износите се изедначуваат за 9 категории и ќе изнесуваат 6.050 денари месечно, што е сериозно зголемување имајќи предвид дека тие досега се движеа од 3.300, 4.000 до 4.400 денари месечно, а сега се зголемуваат и изедначуваат на 6.050 денари.

Стипендиите кои се доделуваат на студенти запишани на програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

За првпат по повеќе од една деценија се враќаат стипендиите за постдипломски студии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари.

Ова е пример за вистинска грижа за младите од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Како одговорна социјалдемократска партија остануваме посветени на креирање мерки и политики кои го унапредуваат младинскиот стандард.

Младите се нашата иднина и влогот во нив е влог во развој на нашето општество.

Прочитајте повеќе

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при …