СДСМ: И Унгарија потврди дека парите за кредитот се всушност кинески

СДСМ: И Унгарија потврди дека парите за кредитот се всушност кинески

Изјава на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

„Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела 1 милијарда евра кинески пари од Кинеската банка за развој. Податоците се јавно достапни на нивната интернет страница.

По пишувањето на реномирани светски медиуми ова е уште една, официјална потврда дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари.

Значи освен корупцијата Мицкоски сака да го сокрие и потеклото на парите од Кина, затоа му се брза со итна постапка во Собрание и го турка по секоја цена.

Последиците ќе бидат врз граѓаните и државата.

На овој начин Мицкоски ја става во заложништво земјата и под штетна политичка зависност од трети земји, спротивно на стратешките интереси“.

Прочитајте повеќе

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Наводната соработка доаѓа во многу деликатно време за односите меѓу САД и Русија, при што нуклеарните соперници …