СДСМ

СДСМ: Имаме предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и’ наштети на државата

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Како што беше ветено, предлог на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се.

Клучно за нас во овој предлог е дека се вградени нашите ставови и забелешли, имаме чист Македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Потонати се во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. Таква работа ниту имало ниту ќе има. И не може да има со чист Македонски јазик во ЕУ.

Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

Тоа Мицкоски ниту го имал ниту ќе го има.

Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.

Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.

Со тоа само се потврдува дека Мицкоски нема државнички капацитет, ниту пак има интерес за конструктивен дијалог, туку тој сака единствено да го наметне својот недржавнички став.

Се што Мицкоски прави и на домашен и на надворешен план е предизвикување штета врз државните интереси и позиции.

Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.

Деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика.

Мицкоски го одби уште непрочитан предлогот на француското претседателство за отпочнување на преговорите со ЕУ а прифати Резолуција на Европската народна партија со бугарските барања.

Без разлика на штетното делување на Мицкоски и опозицијата, ги повикуваме сите општествени чинители, сите политички партии, да продолжат со својот придонес, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката.

Заедно да ги демонтираме сите деструкции, да донесе државничка одлука за иднина на нашата земја.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на …