• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      СДСМ: Испливува на површина криминалот на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ

      7/9/2017
      Македонија
      СДСМ: Испливува на површина криминалот на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ

      Соопштение на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија:

      Граѓаните секојдневно сведочат за незаконското работење на кадрите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Последен доказ за тоа е кривичната пријава против блискиот соработник на Груевски, Миле Јанакиески, кој е првообвинет за нелегална продажба на државни станови.

      Со кривичната пријава против Јанакиески, пресудите против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов, како и кривичните пријави и обвиненија против Христијан Делев и Владимир Талевски, на површина испливуваат криминалите на соработниците на Груевски.

      Овие предмети се мал доказ дека криминалното работење во ВМРО-ДПМНЕ било присутно на секое ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ правеше секакви деструкции и блокади во Собранието за да ја спречи смената на нивниот заштитник Марко Зврлевски.

      Залудни беа обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го заштитат Зврлевски и со тоа да се спасат од одговорноста. Залудни ќе бидат и обидите да ги спречат реформите во судството што носат независен и професионален судски систем и правда за сите. Македонија станува правна држава и секој кој го прекршил законот ќе мора да сноси одговорност.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и во Валандово ќе ги кандидира сегашните градоначалници
      Следно
      ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и во Валандово ќе ги кандидира сегашните градоначалници
      Јанакиески тврди дека кривичната пријава е дел од политичка хајка и валкана кампања
      Претходно
      Јанакиески тврди дека кривичната пријава е дел од политичка хајка и валкана кампања

      Слично

      • 22/2/2019

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата и општините треба да направат амбиент да ги задржат младите
        22/2/2019

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили?
        22/2/2019

        Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30

        Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30 улици
      • Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        22/2/2019
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА