СДСМ избра заменици министри од своите редови

СДСМ избра заменици министри од своите редови

На синоќешната седница, членовите на Централниот одбор на СДСМ дискутираа за повеќе актуелни теми: здравствената криза предизвикана од пандемијата, мерките за заштита на здравјето на граѓаните и здравствениот систем, подготовките за почеток на училишната година, за мерките кои ги презема државата како одговор на глобалната енергетска криза и прашањата за продолжување на европскиот пат на земјава.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, информираше дека Владата и надлежните институции интензивно ја следат состојбата со пандемијата и врз основа на анализите и препораките на стручните лица и надлежната здравствена Комисија се преземаат мерки за заштита на здравјето на луѓето, за обезбедување на соодветни здравствени капацитети и функционалност на здравствениот систем.

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, согласно препораките на УНИЦЕФ, наставата ќе продолжи со физичко присиство, со доследно придржување и спроведувањето на протоколите.

Во однос на глобалната енергетска криза преземени се сите мерки за обезбедување струја од домашно производство, решен е проблемот со парното во Скопје со преземање на компанијата од страна на државата, моментално фокусот е ставен на ликвидноста на компаниите и заштита на граѓаните и фирмите.

Беше оценето дека новата енергија и пристап отвора ново поглавје во односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Се одржа успешна меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори за проекти кои се од интерес на граѓаните од двете држави.

Двете влади и надлежните министерства отворија соработка во областа на инфраструктурата, земјоделството, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превозот на стоки, намалување на цената на роамингот.

Посебен фокус се стави на железничкото поврзување на двете држави како и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8 што оваа година ќе биде приоритет за Владата предводена од СДСМ.

Преку дијалог и меѓусебна почит може да дојдеме до решенија кои ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи.

Централниот обор на СДСМ го овласти претседателот и премиер Ковачевски, да разговара со партнерите во владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри.

На предлог на претседателот Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за замениците министри од СДСМ:

Заменик министер за финансии – Филип Николовски. Николовски е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство.

Заменик министер за здравство – Доцент доктор Владимир Рендевски. Тој е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.

Заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски. Дипломиран економист во насоката финансиско сметководствен менаџмент, актуелен заменик министер.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …