СДСМ

СДСМ ја започна постапката за избор на нови раководства на Општинските организации и Градската организација-Скопје

Со донесената Одлука за распишување на внатрепартиските избори од страна на Централниот одбор, како и со усвојување на Правилникот и Роковникот од страна на Извршниот одбор, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја започна постапката за избор на претседатели и членови на Извршните и Надзорните одбори на Општинските организации и Градската организација-Скопје.

Почнувајќи од сабота, 15 јануари, се’ до 21 јануари, во сите Општински организации (ОО) и Градската организација (ГО) – Скопје, ќе се одржат консултативни состаноци со месните организации, за евидентирање можни кандидати за претседатели на ОО и ГО.

Правилникот предвидува можност и за самокандидирање за претседатели на ОО и ГО, постапка која ќе трае од 24 до 31 јануари.

Покрај исполнување на општите критериуми предвидени со усвоениот Правилник, кандидатите треба да достават стандардизирана биографија, Предлог-програма за работа и пријава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ, како и пријава за самокандидирање.

Согласно Роковникот, месец февруари е предвиден за консултации со ОО и ГО за можни претседатели, коишто од 1 до 3 март ќе бидат именувани од страна на претседателот на СДСМ.

Во втората фаза на внатрепартиските избори, од 4 до 13 март, новоизбраните претседатели на ОО и ГО имаат обврска да одржат консултативни состаноци со месните организации, за предлагање членови на Извршните и Надзорните одбори на Општинските организации и Градската организација-Скопје.

После добиената согласност од страна на ИО на СДСМ, постапката за избор на членови на Извршните и Надзорните одбори на ОО на СДСМ и ГО на СДСМ завршува со одржување на конференции, кои ќе се одржат во периодот од 21 до 31 март.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …