СДСМ: Кај 98.8% од потрошувачите во просек ќе има покачување од само 7,4%, Владата ќе продолжи да ја субвенционира струјата

СДСМ: Кај 98.8% од потрошувачите во просек ќе има покачување од само 7,4%, Владата ќе продолжи да ја субвенционира струјата

Соопштение за јавност на СДСМ

Кога Мицкоски ќе каже „реално“, тоа е како да им кажал на граѓаните само дека реално ги лаже. Толку вреди зборот на Мицкоски.

Не е првпат Мицкоски да шири невистини околу цената на електричната енергија. Паметат граѓаните дека тој и ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на минатата година лажеа дека струјата ќе поскапела 40, 5 отсто за на крајот да излезе дека таа не поскапе повеќе од 10 отсто, во период кога на светските берзи цената на струјата растеше и двојно и тројно.

Сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават истото.

Вистината е сосема поинаква а одлуката за корекција на цената ја носи независно регулаторно тело. Со оваа одлука за 98.8 отсто од семејствата цената на струјата ќе се покачи за просечно 7,4 отсто, што е далеку помалку од лагите на Мицкоски.

Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата за крајните потрошувачи за 80 отсто и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.

Колку е Мицкоски способен за енергетика покажуваат неговите мандати како советник за енергетика и ЕСМ, кога државата беше комплетно зависна од скап увоз на струја, а цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто а беше укината и дневната евтина тарифа.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на …