СДСМ ќе го поддржи и ќе гласа „ЗА“ по предлог законското решение за забрана за увоз на отпад

Изјава на Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата:

СДСМ како одговорна партија се грижи за заштита и унапредување на животната средина, и со тоа за заштита на здравјето на граѓаните.

Изминатиов период се преземени низа мерки преку кои го унапредивме тој процес, а во периодот што следува посебен фокус ќе имаме на прашањето на управување со отпадот. Ги решаваме проблемите кои ги наследивме од негрижата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Изминативе денови се отвори дебата околу Предлог-законот за управување со отпадот, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија.

Ние како пратеничка група го поддржавме Предлог законот со желба во јавноста да се отвори дебата за ова прашање. Свое мислење даде невладиниот сектор, стручната јавност, политичките претставници.

СДСМ е одговорна партија. СДСМ ја слуша експертската јавност, го следи интересот на граѓаните и затоа повторно ќе го поддржи и ќе гласа ЗА предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, кое е влезено во собраниска процедура.

Како пратеници на СДСМ се обврзуваме дека во најбрз можен рок ќе усвоиме целосно системско решение за овој проблем, кое ќе ги опфати сите аспекти на управувањето со отпадот и нема да го загрози процесот на извоз на опасниот токсичен отпад од нашата држава.

Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.

Дополнително, ќе акредитираме и домашна лабораторија, ќе се ангажираат повеќе инспектори кои ќе вршат ненајавени проверки.

Факт е дека во нашата држава, после долги години манипулирање со граѓаните се преземаат вистински мерки за управување со отпадот.

Се расчистува опасниот отпад од ОХИС, Дрисла конечно е под надлежност на градот, се засилува инспекцискиот надзор.

За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ со погубните политики го поттикнуваше увозот на отпад, не преземаше ништо за непочитување на договорот од страна на концесионерот на Дрисла и наместо да го спречи свесно го поттикнуваше загадувањето. Начинот на управување на Дрисла и неконтролираниот увоз на отпад во времето на Груевски, е точен показател какви политики водеа и сакаат да водат ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, остануваат во опозиција.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за забрана за увоз на отпадот кога се знае дека додека беа на власт во нашата држава се увезуваа над сто илјади тони опасен отпад. Денеска таа бројка е намалена на две илјади шесто тони.

Граѓаните умеат да ги препознаат вистинските политики кои и носат добро на државата наспроти лицемерието, лагите и измамите. Затоа на 12 април ќе дадат поддршка за политиките на СДСМ кои даваат резултати.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …