• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      СДСМ: Ќе поднесеме кривични пријави за оддавање на државна тајна

      25/7/2018
      Македонија
      СДСМ: Ќе поднесеме кривични пријави за оддавање на државна тајна

      Соопштение на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија:

      Скандалозното  и неодговорното  однесување како и сериозното  кршење на законите се  главна одлика на ВМРО ДПМНЕ и Ѓорге Иванов.

      Изнесувањето на детали од лидерски средби кои се класифицирани како државна тајна на лица кои не поседуваат безбедносен сертификат за државна тајна, а во случајот тоа е Антонио Милошоски е кривично дело кое се казнува со казна затвор од една до десет години според Член 317 од Кривичниот законик.

      Поради таквиот факт, Кабинетот на Иванов во никој случај не смеел да го даде Извештајот на пратеник кој што нема безбедносен сертификат, а Милошоски воопшто немал право да бара таков извештај.

      Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Кабинетот на Иванов е незаконско, недржавничко и против интересите на македонските граѓани и тоа мора да биде санкционирано. Членот 317 од Кривичниот законик е јасен и прецизен:

      „Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години.

      Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години.“

      Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Иванов не можат да се откажат од навиката да ги погазуваат законите и Уставот и да работат против интересите на државата.

      Поради тоа, против Милошоски и против тој што му го доставил документот ќе поднесеме кривична пријава за оддавање државна тајна, врз основа на член 317 од Кривичниот законик.

      Времето на незаконско, антидржавно и неодговорно делување заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Македонија денес е правна држава. СДСМ останува цврсто посветена на заложбите за еднаквост пред законите и неселективно владеење на правото и нема да дозволи било кој да работи спротивно на законите и интересите на граѓаните.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Времето денеска облачно со пороен дожд
      Следно
      Времето денеска облачно со пороен дожд
      Град со големина на орев убиваше патки и кокошки во Прилепско
      Претходно
      Град со големина на орев убиваше патки и кокошки во Прилепско

      Слично

      • 21/2/2019

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април
        21/2/2019

        За една недела, 30 отсто повеќе заболени – вкупнo 2.943

        За една недела, 30 отсто повеќе заболени – вкупнo 2.943 нови лица со грип
        21/2/2019

        Како ВМРО-ДПМНЕ го практикуваше непотизмот во Кочани?

        Како ВМРО-ДПМНЕ го практикуваше непотизмот во Кочани?
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА