СДСМ: Кој е ставот на Мицкоски за истрагата против градоначалникот на Петровец од ВМРО-ДПМНЕ?

Соопштение за јавност на СДСМ

Целата јавност сведочи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за граѓаните, работат исклучиво за лични и партиски интереси.

За градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски и неговиот брат, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јавното обвинителство отвори истрага, под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари.

Градоначалникот Митевски се сомничи дека во период од шест години потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирми чиј вистински сопственик е неговиот брат.

Не така одамна за истиот овој градоначалник, Христијан Мицкоски изјави дека сите неуспешни градоначалници треба да го следат примерот на Митевски.

Дали истраги и кривични пријави се примерите на Митевски кои треба да ги следат и другите градоначалници?

Дали под неуспешни градоначалници Мицкоски мисли на оние градоначалници против кои не се водат истраги од Јавното обвинителство како што се водат против неговиот градоначалник од Петровец?

На крајот, Мицкоски треба да одговори и кој е неговиот став за истрагата против Митевски?

Оваа истрага е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од криминалната матрица, дека Мицкоски се уште е опкружен со криминогени ликови од времето на режимот.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ шест месеци не реализираа ниту еден проект, а проектите од претходните локални власти на СДСМ ги промовираат како свои, но за истиот период потрошија стотици илјади евра за непродуктивни трошоци и партиски вработувања.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …