СДСМ

СДСМ: Кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ?

Соопштение за јавност на СДСМ

Со оглед на тоа дека Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на новогодишната прослава на плоштадот, редно време е Данела да излезе пред граѓаните и да даде конкретни одговори за тоа кој му платил на Георгиевски и по кој основ на неговата фирма биле исплатени 14.000 евра.

Во официјалното соопштение од Град Скопје се вели дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.

Логично се поставуваат прашањата: како е можно друго правно лице да организира дочек на Нова година во име на Град Скопје и по кој основ и кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата?

Ова е нов скандал за Данела Арсовска за кој постои основано сомневање за корупција, особено ако ангажманот на Георгиевски бил договорен претходно.

На целата македонска јавност деновиве и стана јасно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, прераснува и во кеш коалиција меѓу двете партии.

Арсовска да излезе пред јавноста и да ги даде сите одговори, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат што се случува во градот.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …