СДСМ

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

Соопштение за јавност на СДСМ

СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент почина со пукната аорта.

Условите и околностите кои довеле до овој трагичен исход мора да бидат истражени и да следи одговорност.

Дали навистина, како што се тврди на Клиниката за кардиохирургија, операционите сали не функционирале кога пациентот во критична состојба бил донесен на клиниката?

Зошто пациент со пукната аорта – состојба што бара итна интервенција – не бил опериран?

Зошто бил вратен, и покрај тоа што неговиот живот висел на конец?

Ова не е само здравствен, туку и човечки и морален скандал.

На Онкологија нема лекови, луѓе умираат по клиники, хаосот во здравството со ДПМНЕ и Таравари зема преголем замав.

Човечки животи не смеат да бидат изгубени поради хаос, немарност и недостиг на одговорност. Овој случај мора да добие јасен одговор и одговорност!

Прочитајте повеќе

Репортажа од Норвешка: Еден билет за автобус, трамвај, метро, па дури и брод – како функционира јавниот превоз во Осло?

Репортажа од Норвешка: Еден билет за автобус, трамвај, метро, па дури и брод – како функционира јавниот превоз во Осло?

Во главниот град на Норвешка, Осло, со еден единствен билет можете да возите од автобус …