СДСМ

СДСМ: Колку чинеше пропаднатата забава на ВМРО-ДПМНЕ во Филхармонија?

Соопштение за јавност на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се жалат и нивните градоначалници дека општините немале пари.

Колку пари чинеше вчерашната пропадната партиска забава на ВМОР-ДПМНЕ? Со кои пари беше финансирана?

Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано бараат средства, нивната партија се луксузира со прослави и отчети за 100 дена, снима спотови и организира настани каде промовира неработење и партизација на општините.

Општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза, мора целосно да ги намалат непродуктивните трошоци и да се однесуваат одговорно кон парите на граѓаните.

Во спротивно да престанат да се жалат, Владата не е должна да ги поддржува институциите кои вака се однесуваат.

Прочитајте повеќе

Во Буџетот фалат една милијарда евра, следува ново задолжување

Во Буџетот фалат една милијарда евра, следува ново задолжување

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека во Буџетот фалат една …