СДСМ: Колку повеќе се ближат претседателските избори, толку повеќе растат лажните вести на ВМРО ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ:

Колку повеќе се приближуваме до престојните претседателски избори, толку повеќе ВМРО ДПМНЕ станува очајно од поразот кој им претстои, па преку лажни вести се обидува да ја покрие својата неспособност.

Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени.

Придавката македонски не се брише, тоа е една иста стара лага на ВМРО-ДПМНЕкоја што во отсуство на било каква идеја ја повторува во континуитет.

Се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент, останува придавката  македонски.

Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Потврда за тоа е и личната карта во Обединетите нации, јасно е наведено: Македонски јазик, македонско за државјаснтво итн.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да манипулираат, кај граѓаните тоа не поминува.

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Силјаноска нека се спремат за пораз на престојните претседателски избори.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …