СДСМ Крушево: И во време на криза, Владата на СДСМ ги поддржува пензионерите

СДСМ Крушево: И во време на криза, Владата на СДСМ ги поддржува пензионерите

Прес конференција на претседателот на ОО на СДСМ Крушево, Трајче Калески

Почитувани,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обезбеди историски најголем раст на пензиите, кои со новата методологија на долг рок ќе растат независно од тоа која политичката гарнитура ќе биде на власт.

Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, растот на пензиите започнува уште годинава. Од септември, над 330.000 пензионери во просек добиваат по 900 денари повеќе на своите сметки. Растот продолжува адекватно на зголемувањето на просечната плата и трошоците за живот.

Како одговор на светската здравствена и економска криза кои неизбежно ја погодија и нашата земја, за полесно справување со зголемените животни трошоци, за месеците април, мај и јуни, пензионерите добиваат надомест од 1.000 денари. Или за трите месеци, вкупно 3.000 денари.

Заедно со ваквата помош и со зголемените пензии, секој пензионер на крајот на годината на својата сметка ќе има 12.000 денари повеќе.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите засегнати страни, и во време на криза се погрижија пензионерите да добиваат повеќе пари за да ги пресретнат зголемените трошоци.

Со новата методологија обезбедивме решение за долгорочен раст на пензиите. Покажавме дека и во време на енергетска и глобална економска криза, во време на пандемија на коронавирус, како одговорна власт, излегуваме пресрет и обезбедуваме помош за пензионерите.

Почитувани,

Продолжуваме со одговорна работа и со преземање конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните!

Прочитајте повеќе

Филипче

Д-р Венко Филипче: Граѓаните во мене како пратеник ќе имаат партнер и другар, а мојата врата ќе биде отворена

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе …