Панче тошковски

СДСМ: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски

Прес-конференција на Маја Борозан, Форум на жени на СДСМ

Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол.

Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка?

За трагедијата во Карпош во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, пропусти на МВР.

Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави.

МВР на Панче Тошковски имале сознанија, имале индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност.

МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне.

Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.

Проблемот почнува од врвот.

Рацете ви се крвави!

ОСТАВКА!

Прочитајте повеќе

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Петер Маѓар, победникот на унгарските избори и новиот премиер на земјата, го повика Виктор Орбан …