сдсм

СДСМ: Лагите кои ги шири спрегата на ВМРО-ДПМНЕ со одредени медиуми нема да го спасат Мицкоски од пораз

Реакција на СДСМ на прес конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ:

Лагите кои ги шири спрегата на ВМРО-ДПМНЕ со одредени новинари и медиуми нема да го спасат Мицкоски од пораз, а одговорност има и за клевета

Перфидни и тешки лаги се пласираат во јавноста од белиот дворец, преку гласноговрниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и преку спрегата со одредени новинари и медиуми.

Извесниот пораз на изборите за Христијан Мицкоски ја покажува целата паника што владее кај сите поддржувачи на режимската ВМРО-ДПМНЕ. Преку медиумите под нивна контрола и преку најголемите извори на лажни вести како на лента се штанцаат невистини, буквално секој ден.

Тешки, перфидни лаги и клевети се тврдењата дека претседателот Зоран Заев или било кој од неговото семејство или некој од неговите соработници биле вмешани во случајот во јавноста познат како Рекет.

Сосема спротивно, токму претседателот Заев прв го има пријавено случајот и токму тој постојано бара тој случај до крај да биде расветлен.

Дури и обинителката којашто го води случајот и надлежното обвинителство ги демантираа невиситните кои ВМРО-ДПМНЕ прво си ги пласира преку своите извори на лажни вести, преку блиските медиуми па потоа ги изнесува на прес конференции од белиот дворец, како оваа денешната на Наум Стоилковски.

Изнесените невстини, нервозното штанцање лаги и свесното клеветење нема да го ублажат поразот на Мицкоски и ВМРО-ДПННЕ на 12 април.

Напоменуваме, медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, како и сите останати кои објавуваат и споделуваат ноторни лаги треба да бидат свесни дека во секоја демократска, правна држава каква што е и Република Северна Македонија се одговара за секоја лага и клевета која е свесно изречена.

Ниту режим ќе се врати ниту Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од пораз ќе се спасат а одговорност мора да има за сите, вклучително и за оние кои организирано смислуваат, објавуваат и споделуваат тешки клевети.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

„СДСМ отсекогаш покажувала лидерство и одговорност. И само СДСМ може да го предводи обединувањето на …