СДСМ

СДСМ: Лажна е загриженоста на Мицкоски, со комбинираниот модел е обезбедена непречена настава за сите деца

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски има најмалку право да зборува за образованието затоа што неговата партија за 11 години режимско владеење образованието го донесе на дното во Европа, наставниот кадар беше понижуван, а врз учениците се вршеа експерименти преку погубни политики и таканаречени реформи.

Лажна и лицемерна е загриженоста на Мицкоски. Денес, со комбинираниот модел е обезбедена непречена настава за сите деца. Над 90% од учениците успешно следат онлајн настава, со почитување на мерки непречено се одвива наставата со физичко присуство.

За учениците кои немаат уреди, кои се околу 8000, се емитуваат часови на македонски и на албански јазик преку телевизија. Со ова владата предводена од СДСМ обезбеди континуитет на наставата во време на пандемија и образование достапно за секое дете.

Прочитајте повеќе

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Прес-конференција на Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ …