Сдсм знаме

СДСМ: Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, блокира закон за повисоки плати на наставиците а предлага амандмани

Соопштение за јавност на СДСМ

Лицемерен е амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите во јавниот сектор, кога целата јавност гледа дека истата таа партија 10 месеци ги блокира законските измени со кои 4.700 наставници во основното и средно образование ќе добијат трајно вработување и поголеми плати.

Како што Владата веќе најави и кажа на економско -социјалниот совет, дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи, секое усогласување на платите во јавниот сектор ќе се одвива низ преговори и социјален дијалог а не преку несоодветни, популистички амандмани.

СДСМ за четири и пол години во три наврати ја зголемува минималната плата и денес таа е двојно поголема отколку во 2017 година.

Покрај минималната плата, во овие четири и пол години бележиме сериозно зголемување и на платите во образованието, здравството, детската и социјалната заштита, полицијата, судството и одбраната…

Со СДСМ платите растат многу побрзо, остануваме посветени на реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Корупцијата на власта оди до Брисел, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Корупцијата на власта оди до Брисел, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до …