СДСМ: Македонија на дното по плати на Балканот, ВМРО-ДПМНЕ го уништува стандардот на граѓаните

СДСМ: Македонија на дното по плати на Балканот, ВМРО-ДПМНЕ го уништува стандардот на граѓаните

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ 

Стандардот на граѓаните со оваа власт се влошува, просечната плата се намалува додека трошоците за живот се зголемуваат, погрешни се економските политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната нето плата во земјава не расте туку се намалува. Она што дополнително загрижува е што земјава се уште е на дното во споредба со соседните држави како Србија, Бугарија, Црна Гора во делот на платите.

Власта мора да ги промени погрешните политики и да дефинира мерки за зголемување на платите и создавање услови за поголеми примања а прв чекор кон тоа е да го прифати предлогот на СДСМ за зголемување на мининмалната плата на 450 евра.

ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани.

Водењето инает и одбивањето на предлозите на СДСМ се целосно погрешни.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Авзи Мустафа и Африм Османи добитници на државната награда „22 Ноември“

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седницата одржана на 16.10.2024 година донесе …