Соопштение за јавност на СДСМ
Македонскиот јазик одекна во ЕУ, на официјалните канали на Унијата, можеше да се избере опцијата за македонски јазик а беше вклучен и на ТВ сервисот на Европската Унија EbS (Europe by Satellite).
Денеска за време на меѓувладината седница гледачите на овој сервис во опцијата јазици покрај јазиците на ЕУ имаат можност да ја следат и на македонски јазик испишан со чиста формулација без фусноти и придавки.
Историски ден, Северна Македонија денеска ги почна преговорите за членство во ЕУ со гарантиран македонски јазик, со билатерални прашања надвор од преговарачката рамка.
Честитки до сите граѓани!