СДСМ: Масовното присуство на трибината потврди – Охрид е на прав пат, следува голема победа на 12 април

Соопштение на СДСМ:

Масовноста на граѓанската трибина, под мотото „На прав пат“, на која пред насобраните  граѓани на Охрид се обратија потпретседателите на СДСМ Оливер Спасовски и Мила Царовска како и охридскиот градоначалник Константин Георгиевски сведочи за големата поддршка на политиките на СДСМ и најавува голема победа на 12 април.

Потпретседателот Спасовски на граѓанската трибина во Охрид истакна дека сега за разлика од претходно се реализираат националните и државни интереси, а тоа е членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

– На 12 април има два пата во различни насоки, два различни правци. Едниот е нашиот, на СДСМ, што води напред кон НАТО и ЕУ, повеќе пари кај граѓаните и сигурна иднина, и вториот на Мицкоски кој води назад во изолација, обнова на криминал и корупција. Тој пат го одевме 11 години, а сега за две и пол години моравме да направиме многу за да направиме сериозен исчекор напред и затоа враќање назад нема, порача Спасовски.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја дробеше државата, земаа од најсирмашните, ги дисркиминираа а денеска не можат ниту конструктивна опозиција да бидат особено кога интересите на граѓаните и покачувањето на платите се во фокусот. Во Собранието земаат дневници нивните пратеници не гласаат за покачувањето на минималната и законот за раст на платите. Срамно е тоа однесување, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во Охрид.

-Го слушаме денеска Мицкоски, без никаков срам и перде, вели дека покачувањето на платите во образованието од нови 10%, односно покачувањето за вкупно 20% биле трошки кои оваа власт предводена од СДСМ го реализира. Неговата влада, на ВМРО-ДПМНЕ, за 7 години во образованието за само 850 денари обезбедила покачување на платите, а ние од СДСМ за 2,5 години сме ги качиле платите за 2.150 денари!, рече Царовска.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски пред насобраните сограѓани рече дека  долгот на општина Охрид, кој 12 години само растеше и порасна на 1,6 милијарди денари, е намален на 380 милиони денари и сега следува развој на градот.

Поддршката што Охрид ја добива е огромна, го цениме тоа и повторно охриѓани ќе докажат дека сме на прав пат и на 12 април ќе завериме уште една победа во Охрид, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ „На прав пат“ во Охрид.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …