СДСМ: „Медарите“ од ВМРО-ДПМНЕ виновни за колапсот на ЈСП и хаосот во Скопје

СДСМ: „Медарите“ од ВМРО-ДПМНЕ виновни за колапсот на ЈСП и хаосот во Скопје

Соопштение на СДСМ

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс во Јавното сообраќајно претпријатие и за првпат го остави главниот град без јавен превоз.

За само една година успеаја да го зголемат долгот на ЈСП за еден милион евра, а вработените да ги остават без плата.

Тендери, раце во мед, контрола врз финансиите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е причината за хаосот со кој се соочува Скопје.

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат отчетност и одговорност за хаосот што го предизвикаа во ЈСП и во Град Скопје.

Наместо решенија и проекти, јавноста со месеци гледа дневна политика и препукување меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ за тоа чии раце биле фатени во медот.

Скопјани не заслужуваат таква градска власт!

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за вино, свесно ги понижува и манипулира лозарите

Власта не ги почитува законите кога не им одат во прилог и повторно ги манипулира …