Мицкоски

СДСМ: Мицкоски ги остави граѓаните да преживуваат и за Велигден

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата на Мицкоски задоцни и не презеде навреме мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените пораснаа, животот на граѓаните стана поскап а тоа го потврди и Државниот завод за статистика.

Трошоците за живот во март се повисоки за 4,9%, а најголемиот ценовен притисок е кај храната и безалкохолните пијалоци со растат од 7,5%, земјоделските производи за 6,4%, што е директен удар врз стандардот и секојдневната трпеза на луѓето.

Мицкоски ги остави граѓаните да преживуваат и за време на Велигденските празници. Наместо да преземе мерки во деновите кога граѓаните повеќе трошат и кога цените најсилно се чувствуваат, Мицкоски најавува мерки по Велигден, се правеле анализи и се чекаат извештаи.

СДСМ предупредуваше со недели и понуди конкретни мерки за заштита на животниот стандард – за намалување на цените на горивата и на храната но Мицкоски реши да ги игнорира.

Денеска граѓаните ја плаќаат цената.

Прочитајте повеќе

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

На прес-конференција за Предлог-законот за високо образование, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека образованието со години …