СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од синдикатите

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од синдикатите

Соопштение за јавност на СДСМ

Власта да ги тргне рацете од синдикатите, да ги остави да се борат за работничките права.

Она што гледаме дека повторно се случува е политичко мешање и притисок врз синдикатите од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова значи гушење на гласот на работниците, на синдикатите, за да ги замолчи. Целта е да се подели синдикатот и да нема притисок никаков врз власта за погрешните политики и тоа што нема покачување на платите.

Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше поголеми плати пред изборите на работниците сега станува јасно дека нема да го исполни ветувањето. Со оваа власт нема да има поголеми плати.

СДСМ со години реализираше успешен социјален дијалог, ги почитуваше и синдикатите и работниците а платите ги зголемивме во сите сектори.

ВМРО-ДПМНЕ сега ја враќа политиката на злоупотреба од 2015 година.  Работниците да бидат предмет на корупција а синдикатите предмет на оцрнување.

СДСМ останува на страната на работниците, ние преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власта да ги промени погрешните политики.

Прочитајте повеќе

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

Синоќа во Прилеп на 71-годишна возраст почина Јове Магдески, мајстор на фудбалската игра и еден …