Мицкоски

СДСМ: Мицкоски во криза најавува нови блокади, СДСМ и граѓаните тоа нема да го дозволат

Соопштение за јавност на СДСМ

Во услови на најголемата криза кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое носи закони во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски решава да ги засили блокадите.

Очигледно решил по деструкција да го надмине и својот шеф и ментор, Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира голем број закони од интерес на граѓаните како што се Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.

Ништо друго не се ни очекуваше од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат во ист стил, со иста матрица, со една цел – блокада на државата.

Со ваквите постапки Мицкоски не го блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот за граѓаните.

СДСМ останува отворена за сите добронамерни и конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи поради лични и партиски интереси, особено во време кога се води борба против последиците од кризата и за заштита на стандардот на граѓаните.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ да и’ наштетат на државата.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …