СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат насилството од 27 април, насилниците и осомничените организатори

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Наместо да повика на одговорност, правда и правичност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ставаат во заштита на насилниците и осомничените организатори на насилството од 27 април.

Исто како неговиот ментор, Никола Груевски, и Христијан Мицкоски го брани насилството на 27-ми април.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират дека правда мора да има, дека бруталниот упад во Собранието од 27 април кога се случи обид за убиство на пратеници и државен удар, мора да се расчисти до крај.

За основаноста на било кое обвинение не одлучува ВМРО-ДПМНЕ туку надлежни судски органи и опозициската партија треба да ги остави институциите да го расчистат случајот а сите инволвирани да се соочат со одговорноста.

Особено што искази на осомничени за случајот и јавно достапни информации покажаа дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април.

Кои и да се нивните имиња, каква и да е поврзаноста, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да сносат одговорност согласно законите, низ соодветна транспарентна судска постапка.

Прочитајте повеќе

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Каевски: Пред Мицкоски е одлуката, да ја поддржи европската иднина или да го следи патот на Груевски

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ Почитувани граѓани, По 17 години чекање, нашата …