Реакција на СДСМ на пресот на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ партијата чиешто владеење беше одбележано со криминал, скандали, расипништво  и коруптивно однесување нема никаква стратегија освен ширење на лажни вести и очајни обиди за манипулирање со јавноста.

Лажна е веста за наводен наместен тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола. АД ЕЛЕМ документирано ги поби лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Како што јавно соопштија од АД ЕЛЕМ, условите во конкретниот тендер овозможуваат поголема можност за пријавување на што повеќе економски оператори, а од друга страна, условите и понатаму се доволно строги за да овозможат пријавување само на фирми кои имаат технички и кадровски капацитет за изведување на ископот на јаглен во РЕК Битола.

ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека наместените тендери, корупцијата, криминалот и партизирањето на државните институции заврши со нивното заминување во опозиција.

Денес, сите државни институции, сите државни и јавни претпријатија, вклучително и ЕЛЕМ и РЕК Битола работат домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, а не во интерес на мала група поединци, како што беше случај за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се обидува да шири лажни вести кои немаат допир со реалноста, ВМРО-ДПМНЕ треба да се дистанцира од поразените политики на Никола Груевски и вистински да се реформира.