СДСМ

СДСМ: Не е само во Скопје хаос, неработа и самоволие има во скоро секоја општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција на Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Град Скопје каде блокадите се секојдневие, а функционирањето на јавните претпријатија е на раб на колапс.

Но не е само Скопје, хаос и нефункционалност се случува речиси во секоја општина каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт.

Наместо решенија, наместо реализација на проекти, во општините под ВМРО-ДПМНЕ се случува партизација, зголемување на цените на услугите, злоупотреба на службената положба и расипничко трошење на парите на граѓаните.

Во општина Штип речиси и да нема услуга или давачка која не е зголемена. Откако ги зголемија цените за такси превозот и ѓубретарина, градоначалникот Иван Јорданов и мнозинството во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го зголемија и данокот на промет на недвижности од три на четири отсто.

Во истата општина постојат основани сомневања дека блиска личност на градоначалникот Јорданов гради дивоградба, а дворот на градинската во близна на објектот го користи за складирање на градежен материјал.

Во Ѓорче Петров, во ек на најголема економска криза, градоначалникот ќе потроши 100.000 евра за опремување на нова општинска зграда.

Во Битола возила од јавни претпријатија се злоупотребуваат за одење по свадби, но и за приватни патувања во и надвор од државата.

Во Прилеп е зголемена цената на јавниот превоз, на паркингот и на комуналните услуги, како и цените за фирмарина и поставување урбана опрема.

Зголемени цени на комуналните услуги има и во Радовиш и Виница, но и во неколку други помали општини.

И згора на се Христијан Мицкоски како шпицен градоначалник оди од општина до општина и преговара за новите буџети на општините.

Дали откако се искара со Данела Арсовска за тендер од 136 милиони евра, сега на овој начин сака да се осигура дека рацете ќе му бидат во медот во секоја општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ?

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење, за расипничко трошење на народните пари.

Поради нивната неспособност, општините се во стагнација а граѓаните во време на криза се изложени на зголемени трошоци.

Прочитајте повеќе

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше …