• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      СДСМ: Нема поскапување на водата, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести

      26/1/2018
      Македонија
      СДСМ: Нема поскапување на водата, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести

      Реакција на СДСМ на прес конференцијата на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ:

      ВМРО-ДПМНЕ делува прилично изгубено и без јасна политичка определба секојдневно продолжува да шири лажни вести. Партијата, којашто единаесет години ги осиромашуваше и задолжуваше граѓаните и направи пустош во економијата на сметка на личното богатење на поединци од нивните редови нема визија за своето политичко делување.

      Не се точни информациите за наводно покачување на цената на водата со кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира.

      Точната информација е дека цената на водата се намалува. Со најавените нови корекции се намалува и цената на водата во Скопје, од досегашните 29,39 денари на 28,67 денари за еден кубен метар. Со тоа граѓаните на главниот град плаќаат најниска цена за вода во земјава.

      Согласно одлуките на општинските совети предводени од СДСМ намалување на цената веќе има во други општини во Македонија. Освен во Скопје, поевтина вода за пиење веќе користат и граѓаните на Прилеп, Штип, Виница, а се очекува да се создадат услови за намалување на цените и во други општини.

      За разлика од расипничкото, коруптивно и недомаќинско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорното управување со јавните финансии, ги санира штетите, ги намалува трошоците за живот и создава услови за раст на економијата.

      Владата предводена од СДСМ преку спроведените мерки како укинување на радиодифузната такса, воведување на евтината тарифа на струјата, решавање на проблемот со стечајните работници и зголемената минимална плата ги намалува трошоците за живот и обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните. Истовремено, Планот за економски раст овозможува услови за повисоки плати и отворање на нови работни места, со што ќе се намали невработеноста и ќе се придвижи економијата сериозно напред.

       

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Мегленски се врати во Победа, ќе биде прв помошник на Бубања
      Следно
      Мегленски се врати во Победа, ќе биде прв помошник на Бубања
      Осуда на напад на новинар во Струга
      Претходно
      Осуда на напад на новинар во Струга

      Слично

      • 22/2/2019

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата и општините треба да направат амбиент да ги задржат младите
        22/2/2019

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили?
        22/2/2019

        Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30

        Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30 улици
      • Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        22/2/2019
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА