Соопштение на Сцијалдемократскиот сојуз на Македонија:

Александар Николовски, член на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните треба да им објасни за причините за неговата средба со Синиша Алексовски, советник за безбедност во Кабинетот на Ѓорге Иванов.

Алексовски во одредени медиуми се споменува секогаш кога станува збор за странско влијание во земјава, коешто се противи на НАТО и ЕУ интеграциите на Македонија.

Дали Николовски кој пред неколку дена рече дека не е можен подобар Договор со Грција е принудуван јавно да се откаже од овој негов став?

Јавноста ги очекува одговорите од Николовски и поради информациите за вмешаност на Алексовски и со настаните во Собранието од 27 април.